СПМ: Извештајот на ЕК му покажа црвен картон на самопрогласениот „европски фронт“
Социјалистичката партија на Македонија смета дека Европската комисија ги обезличи лажните европјани и со Извештајот му покажа црвен картон на самопрогласениот „европски фронт“. Колку и да се обидува неспособната влада на СДС и ДУИ неможе да го избегне фактот дека Република Македонија ја оддалечи од Европската Унија.
Во држава во која еден од приоритетите е развојот на земјоделството поразувачка е оценката дека и во оваа област речиси и да нема никаков напредок.
Досегашната терминологија која ЕУ ја користеше при оценување на состојбите во земјоделството беше дека се бележи напредок, добар напредок или солиден напредок. Сегашната оценка е умерена подготвеност, што е поразително за нашата држава.
Во трите поглавја од земјоделскиот ресор ЕУ укажува дека остануваат препораките од минатата година бидејќи не се целосно имплементирани.
Во поглавјето за безбедност на храна, ветерина и фитосанитарна политика, ЕУ укажува дека ништо не е инплементирано од што ќе се заклучи дека цела година ресорното министерство и самопрогласената „европска Влада“ не успеваат да ги инплементираат повеќето ЕУ препораки, а во одредени поглавја и ништо да не инплементираат.
Социјалистичката партија на Македонија упатува дека со „умерена подготвеност“ неможеме да станеме членка на ЕУ.
Истовремено до Ковачевски, Маричиќ и Османи се поставува прашање дали со заклучокот во Извештајот дека и понатаму остануваат минатогодишните препораки, затоа што не се инплементирани, Владата останува на европскиот пат?
А одговор должи и ресорниот министер за наводен развој на земјоделството каде се реформите кои се ветуваа. А останува прашањето и за силните финансиски средства кои земјоделците наводно ги добиваат, а кои единствено ги гледаат Николовски и Маричиќ.
За Социјалистичката партија на Македонија не е никакво изненадување ваквиот Извештај на ЕУ. Ние и досега напоменувавме дека земјоделството е на најниско ниво во последните 20 години, затоа што постојано се намалува бројот на земјоделци, а поддршката која ја одделува државата е се помала и која со новиот начин на субвенционирање енормно ја влоши состојбата, за што благовремено предупредивме.
Укажуваме дека од водечка држава во регионот во земјоделското производство, сега сме на самото дно, приносите и родот се се пониски, сточниот фонд е десеткуван, водостопанскиот систем е запустен, уништени се шумите, а институциите се целосно нефункционални.
Единствена константа е шетањето по светот со државни пари и пофалбите дека ни е најдобро досега. Може им е добро на Ковачевски, Маричиќ, Османи, Николовски и на останатите неработници кои ги окупирале владините кабинети.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Ајнтрахт е подготвен да го пушти Екитике за 100 милиони евра
-
Политико: Градот Брисел во криза, губи четири милиони евра дневно поради насилство и политички хаос
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица: Политички паразити
-
Судија ја суспендира одлуката на Трамп за укинување на правниот статус за 532.000 имигранти
-
Детектирана ХББ кај 28,5 отсто од 1.031 испитаник во државава
-
Маркетите од петок ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Таравари: Доколку имало пропуст или грешка за пациентот од Кардиохирургија одговорност ќе има
-
Лавров: Не е лесно да се преговара за мирен договор за Украина со САД