Македонија
4. July 2023 - 12:20

СПМ: Избори веднаш, за да се тргнат од власт СДС и ДУИ

Социјалистичката партија на Македонијa најавите од претставници на СДС дека немаат намера да ги спојат претседателските и парламентарните избори ги оценува како арогантни, нелогични и калкулантски.

Во еден единствен текст со соголени и општи фрази, недела дена исцеден во делови, со одговори како на мисица пред жири, но со дрска надменост и отуѓеност од народот најавуваат дека не се важни милионите евра што залудно ќе се потрошат доколку се одделат овие избори. За нив е важно што повеќе денови да поминат на власт за да крадат уште повеќе.

Но тие сепак на крај ќе одговараат за корупцијата, уцените и злоделата што ги прават. Тие сакаат, гледајќи се за предодренени за тоа, бесконечно да владеат на грбот на народот зошто друго ништо не знаат.

Ароганцијата со најава дека кандидатот на СДС ќе победи, што ја пласираат овие ликови, е срамна лага што не поминува кај народот. 

Со рејтинг од 0,2% СДС може повторно да го кандидира актуелниот станар на Водно кој е од нивните редови или друг истрошен и сличен на него.

Полнењето кутии, купувањето гласови и други итрини не поминуваат затоа што тие од СДС и ДУИ се прочитани и мора да си одат од политичката сцена. Калкулираат со коалициски капацитет, со заеднички кандидати и со екстерно влијание кое со моделот „рамо до рамо“ не го финализираа ни дома ни надвор.

Крајно проблематичната улога на СДС и ДУИ, антимакедонските политики, енргетската и другите кризи и неверојатните одлуки спротивни на државните интереси се дел од карактеристиките на овие прочитани манипулатори. Нелогична е нивната жед за власт и покрај тоа што народот не ги сака, но ќе се обидат да го излажат или разубедат народот со минималната плата и пензија, со повисока инфлација, со поголема сиромаштија и беда со што само тие се гордеат. Друго немаат да понудат, а се плашат од казните што ќе ги стигнат и од клетвите од граѓаните кои не ги забораваат предавствата и лошите одлуки.

Социјалистичката партија на Македонија не бара одлагање, туку закажување избори веднаш, за да си одат корумпираните и неспособни ликови од СДС и ДУИ кои лажат и ветуваат ветар и магла, со многу сиромаштија и беда која народот ја осозна, не ја прифаќа и ја одбива.

 

Социјалистичка партија на Македонија