СПМ им го честита „8 Март“ на жените од Македонија
Денешниот ден е меѓународен ден на жената, светски празник со кој се одбележува нејзината борба за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Историјата на сите времиња особено денешната, не учи дека не смееме да заборавиме да мислиме за неа и нејзината положба, дека денес никој не може неа да ја натера да се чувствува помалку вредна во развојот на било кое општество на земјината топка.
Ова денеска на прес-конференција го истакна Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија на Македонија честитајќи го празникот на жените „8 Март“
- Социјалистичката партија на Македонија следејќи ги историските придобивки во борбата за рамноправност и нејзино вклучување во нејзините редови и во општеството во целина секогаш создаваше и создава простор за нејзино целосно изразување во креирањето на сите општествено-политички процеси во Македонија, рече Авировиќ.
Според неа жената е таа која и дава смисла и содржина на животот, особено со нејзиниот благороден и хуман внатрешен порив. Историјата не поучува, рече таа, дека во секое општество колку и да бил суров животот, полн со премрежја, беда и сиромаштија, жената била таа која секогаш давала надеж за подобра утрешнина.
Потенцира дека денеска жените во Македонија со својот целокупен ангажман се носител и креатор на нашето современо живеење.
Ново на Сител
-
Лекорну: Франција и нуди разузнавачки информации на Украина
-
Германската пошта укинува 8.000 работни места
-
Прв Младински дијалог за надворешната политика на ЕУ
-
Продолжува расправата во грчкиот Парламент по барањето за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа
-
Зеленски ќе учествува на вонредниот состанок на Европскиот совет и ќе се сретне со Руте
-
Средношколците во Србија утре повикуваат на генерален штрајк поради цените, но и поради состојбата во државата
-
Волстрит џурнал: Се очекува Трамп да нареди укинување на Министерството за образование
-
Политико: Соработници на Трамп водат тајни разговори со украинските противници на Зеленски