Македонија
31. December 2023 - 14:14

СПМ: Годината пред нас е нова, но надежите и целите ни се дамнешни, слога и просперитет за сите вас и за нашата Татковина

Драги пријатели,

Годината пред нас е нова, но надежите и целите ни се дамнешни, подеднакво на искрените и топли желби за единство, слога и просперитет за сите вас и за нашата Татковина.

Не очекуваат предизвиците за кои сме подготвени да ги пребродиме заедно со вас сè до остварувањето на конечната, заедничка и победничка цел.

За подобра, поуспешна, слободна и просперитетна година, за поубави денови исполнети со ведрина, разбирање, грижа, солидарност, национална гордост и достоинство.

Конечно за слободна Македонија.

Среќна Нова 2024 Година!

Љупчо Димовски

Претседател на Социјалистичка партија на Македонија