СПМ: Арсовска да поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник, доколку учествува на изборите
Социјалистичката партија на Македонија укажува на неиздржаноста на законската регулатива со која е опфатено работењето на политичките партии.
Своевремено јавноста сведочеше на измама или злоупотреба на партиски печат за изборни цели, а деновиве со трансфер на пасивизирана, но сепак регистрирана политичка партија со назначување или именување на нејзин нов претседател се изигрува судското решение за нејзина регистрација.
Се остава можност дека е во согласност со партискиот статут кој можеби дозволува меркантилизам и дефинирање соодветна цена за тоа што сепак е противзаконско.
Сето ова би било чудно, но самото присуство на генералниот секретар на СДС ги разбива надежите во соддржината на елементарна законитост на наводниот партиско политички настан сведен на провинциски бал од кој што главниот гостин и коалициски партнер веројатно и дошол.
Врз основа на едвај двегодишното извршување на градоначалничката функција новиот претседател на старо новата политичка партија во јавноста е доживеан како неработник, превртлив и осветољубив, со изразена желба за власт и материјални добра за што очигледно не бира средства и методи да дојде до нив.
Заклучокот е дека со овој чекор целосно е дерогирана актуелната функција градоначалник, а доколку преку старо новата политичка партија се учествува во нов политички натпревар тогаш госпоѓата Арсовска е потребно да си поднесе неотповиклива оставка од градоначалник на Скопје.
Иако е тоа сложено сепак лицата до неа и кои имаат држано повеќе книги би требало овој етички елемент да и го објаснат на почитуваната госпоѓа и начинот на кој треба да постапи.
Социјалистичката партија на Македонија им укажува на граѓаните дека не станува збор за формирање на некаков европски фронт туку за нова социјалдократска измама преку формирање на фронт за заддржување на власта и понатамошно ограбување на народот и државата, односно антимакедонски фронт, како и досега, директно насочен против македонската држава и македонскиот народ.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Погодена македонската амбасада во рускиот ракетен напад врз Киев
-
Траги од Велибор Манев пронајдени на лепливата лента на устата на Вања
-
Вања била убиена клечејќи на колена со еден куршум во глава одзади грб, грозоморни детали
-
Едно дете загина при нападот со нож во училиште во Загреб
-
Во Основниот суд Куманово одложено судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
„Студентски отпор“: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците
-
АД ЕСМ: Два термоблока во РЕК Битола исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ Битола 1
-
МВР потсетува: Oд 01.01.2025 задолжителна ознака НМК на регистерските таблички