Специјалното обвинителство ги анализира доставените податоци од Јавното обвинителство

Од Специјалното јавно обвинителство денеска соопштија дека Јавното обвинителство на Република Македонија им доставило одговор на нивното барање и оти ги анализираат доставените податоци со цел да утврдуват кој од предметите има приоритет и веднаш треба да се превземе.
За сите детали околу преземањето на предметите Специјалното јавно обвинителство ќе информира во четврток (26.11.2015 година), се вели во соопштението.
- По изборот на јавните обвинители во тимот, веднаш се започна со спроведување на обуки, а имајќи ја предвид природата на предметите со кои се соочува ова Јавно обвинителство. Обуките се спроведуваа во периодот од 9 до 20.11.2015 година, стои во соопштението.
Во сорабока со Министерството за правда, како што се додава, изготвен е Предлог закон за јавно обвинителска служба, кој е неопходен за екипирање на обвинителството со стручен, истражен и административен кадар. Предлог законот е изготвен врз основа на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со целосно искористување на компаративните искуства за организираност на вакво обвинителство. Предлог законот е доставен до Владата на Република Македонија, а како предлагач се јавува Министерството за правда. - Очекуваме Предлог законот да биде ставен на дневен ред на првата седница на Владата на Република Македонија, по што во итна постапка ќе биде ставен на дневен ред и во Собранието на Република Македонија и ќе се пристапи кон негова целосна имплементација, се додава во соопштението.
Од Специјалното јавно обвинителство информираат дека во исто време додека траел процесот на обуки, донеле оперативен план за делување на ова Јавно обвинителство, при што пристапиле кон изготвување на сите административни акти неопходни за непречена работа.
- Организиравме и активности поврзани со средување на просторот каде обвинителството ќе биде сместено. Со оглед дека активностите околу средување на просторот бараат одреден временски период, а имајќи ја предвид итноста од наше предметно постапување, закупивме простор во кој привремено ќе бидеме сместени. Сепак, официјалните постории на ова Јавно обвинителство остануваат во Министерството за правда (ул.Димитрие Чуповски бр.9, Скопје), додека електронска пошта на обвинителството е: onsk.info@gmail.com. Со цел доследното почитување на начелото на транспарентност и покажувајќи почит кон интересот на јавноста, оформена е и фејсбук страница, каде редовно ќе бидат објавувани нашите соопштенија и ставови околу одредени актуелни прашања. Линк до фејсбук страницата: https://www.facebook.com/Специјално-јавно-обвинителство-650104671759753/timeline?ref=page_internal, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство за гонење на кривични дека поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
