Специјално признание за КУД „Копачка“ од Делчево нa „Илинденски денови“
Со доделување награди и признанија за најдобрите културно-уметнички друштва и фолклорни групи и со спектакуларен концерт на етно групата Љубојна и виртуозот на кларинет Исмаил Лумановски, синоќа во Битола заврши 45. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Со одлука на жирито, во кое членуваа Блаже Палчевски-етнолог, Тофе Дракулевски-фолклорист кореограф, Родан Величковска-етномузиколог и Александар Димитријевски-етномузиколог, специјалното признание беше доделено на КУД „Копачка“ од село Драмче-Делчево за долгогодишно чување, негување и презентација на орото „Копачка“.
Фестивалското жири ги додели и наградата за најуспешна презентација на изворен фолклор, која им припадна на КУД „Весели пензионери“ од Пробиштип, а награда за најуспешна презентација на староградски фолклор доби пејачката група „Весела тајфа“ од Богданци. Награда за презентација на детски фолклор доби ФА „Цветови“ од село Дедино.
Награди добија и КУД „Илинден“-Битола за најуспешна новосоздадена содржина, како и авторот Александар Стефановски, КУД „Бисер“ од Кичево како најуспешен изворен оркестар, вокалистката Маја Пејовска од КУД „7 Септември“-Македонски Брод, а награда за изворна носија доби КУД „Мирче Ацев“-Прилеп.
Награда за новосоздадена носија инспирирана од народната им беше доделена на членовите на КУД „Илинден“-Демир Хисар. На фестивалот во Битола награден беше и Велин Милев од ФА „Цветови“ од село Дедино како најуспешен автор што подготвил сценска презентација на изворна фолклорна содржина.
Наградите на најуспешните македонски културно-уметнички друштва како и пригодни подароци за гостите од Италија, Романија, Полска, Хрватска, Србија и ансамблот „Македонка“ од Торонто-Канада, им ги врачи директорот на фестивалот Борче Димитровски Тој најави побогати содржини и новини за златниот јубилеј, односно 50 годишнината на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Ново на Сител
-
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“, изменет сообраќаен режим за Скопски маратон
-
ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут
-
Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче