Специјално обвинителство: Обвиненија против косовски министер и 10 функционери
Специјалното обвинителство на Косово подигна обвиненија против 11 луѓе на високи позиции меѓу кои и министер и повеќе пратеници осомничени за непочитување на рамноправниот статус на државјани и граѓани на Косово.
Според обвинението, тие злоупотребиле службени позиции за да обвезбедат незаконски привилегии и предности за личности кои конкурирале на различни функции.
Со тоа оневозможиле и ограничиле со закон загарантирани права и слободи на други кандидати.
Според соопштение на Специјалното обвинителство на Косово, обвинение е подигнато за министер и пратеници, но и против поранешни пратеници, двајца генерални секретари во министесртва, еден замненик министер, двајца политички советници, директор на јавно претпријатие и службеник.
Предметот се нарекува Пронто, што е назив и серијал текстови и аудио записи од телефонски разговори на највиоски косовски официјални лица кои во 2016 година ги објави порталот Инсајдер.
– Обвинетите злоупотребувале службена функција, соработувале меѓусебно давајќи привилегии и незаконски приоритет на лица кои конкурирале за важни позиции. Како што е место за директори на јавни фирми, извршен директор на Агенцијата за регистри во МВР, шеф на Агенција за медициснки производи и координатор на центар за цивилна регистрација во општина, и со тоа ограничувале слобода и права на други кандидати што им се загарантирани во законот.
Ново на Сител
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште
-
Реакција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“
-
18-годишник удрил со мопед во малолетно девојче при што се здобила со тешки телесни повреди