Специјалците чистат во Куманово: Паднаа јатаците на терористите од Диво Насеље
Најмалку петмина се уапсени во полициската акција против лица инволвирани во настаните во Диво Насеље во Куманово.
- Акцијата се спроведува главно во кумановските села Брест, Малино и Отља, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Лицата се осомничени за дејствија поврзани со криминално-терористичката група од кумановската Дива населба, која на 9. и 10 мај годинава се судри со полицијата.
По распитот во полиција предадени во Кривичниот суд во Скопје, и изведени се пред судија за предходна постапка.
Се очекува во текот на денот на прес конференција МВР да даде повеќе детали.
Во мајската акција против криминално-терористичката група во Дива населба животот го загубија осум полицајци, а тиесетина беа повредени. Во акцијата беа убиени и десет членови на вооружената група, а 30 се предадоа и против нив се води судска постапка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување