Спасувачка операција во Србија: Извлечен маж по осум часа под урнатини
Маж, кој осум часа беше затрупан во канал во близина на Лазаревац, Србија, е успешно извлечен жив, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, на социјалните мрежи објави снимка од спасувањето и им се заблагодари на пожарникарите.
„Спасен е Милан Рајковиќ по осум часа. Бескрајна благодарност до пожарникарите-спасители“, напиша Дачиќ.
Инцидентот се случил вчера околу 15 часот, кога при копање на канал за топловод дошло до уривање на земјата. Првично, спасени се три лица, меѓу кои и еден пожарникар.Во спасувачката операција учествувале 20 пожарникари од единиците во Лазаревац, Кошутњак, Обреновац, Железник и Барајево со шест возила, како и двајца членови на Специјалистичкиот тим за спасување од урнатини.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт