Спасувачите во Словенија ги извлекоа сите пет лица кои беа заробени во пештера
Спасувачите во Словенија денеска успешно ги извлекоа сите петмина кои повеќе од два дена беа заробени во пештерата Крижна јама јужно од Љубљана поради високиот водостој, јави словенечката агенција СТА.
„Спасувачката операција беше можна денеска бидејќи нивото на водата во пештерата падна“, изјави шефот на спелеолошката спасувачка служба Валтер Закрајшек.
Акцијата во која учествуваа шест нуркачи беше завршена околу пладне.
Тричлено семејство и двајца водичи од саботата беа заробени во пештера во југозападна Словенија поради обилните врнежи.
Температурата на водата во пештерата била шест Целзиусови степени со многу слаба видливост.
Спасувачите претходно изјавија дека сите пет лица се чувствуваат добро, и покрај тоа што поминале две ноќи во пештерата.
Словенија е позната по повеќе од 14.000 пештери, а Крижна јама е четвртиот најголем познат подземен екосистем во светот.
Ново на Сител
-
Во недела завршува летното сметање на времето – стрелките се враќаат еден час наназад
-
Рубио: Израелските планови за анексија на Западниот Брег го загрозуваат примирјето во Газа
-
Гаши: 23 Октомври е потсетник на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност
-
Сиљановска-Давкова: Да го продолжиме револуционерен пат со ум, знаење и реформи
-
Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија
-
Саркози во затворот Ла Санте добил смртни закани
-
Ден на македонската револуционерна борба
-
Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно