Спасувачите во Словенија ги извлекоа сите пет лица кои беа заробени во пештера
Спасувачите во Словенија денеска успешно ги извлекоа сите петмина кои повеќе од два дена беа заробени во пештерата Крижна јама јужно од Љубљана поради високиот водостој, јави словенечката агенција СТА.
„Спасувачката операција беше можна денеска бидејќи нивото на водата во пештерата падна“, изјави шефот на спелеолошката спасувачка служба Валтер Закрајшек.
Акцијата во која учествуваа шест нуркачи беше завршена околу пладне.
Тричлено семејство и двајца водичи од саботата беа заробени во пештера во југозападна Словенија поради обилните врнежи.
Температурата на водата во пештерата била шест Целзиусови степени со многу слаба видливост.
Спасувачите претходно изјавија дека сите пет лица се чувствуваат добро, и покрај тоа што поминале две ноќи во пештерата.
Словенија е позната по повеќе од 14.000 пештери, а Крижна јама е четвртиот најголем познат подземен екосистем во светот.
Ново на Сител
-
Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава
-
Николоски на средба со УКЕФ во Лондон: Македонија со огромна подршка од Велика Британија го започнува најважниот регионален проект за брза пруга на Коридор 10
-
Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа
-
Со 2,05 промили алкохол во крвта возел „мерцедес“ низ Кавадарци
-
Вработени од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест, од 28-ми најавуваат активирање на одлуката за штрајк
-
Истрага за злоупотреби во прилепската болница, осомничени 32 лица
-
Ѓоковиќ се откажа од Мастерсот во Париз
-
Тасевски: ССКЛ има право и овластување да организира штрајк