Спасовски: Земјава е меѓу првите 40 на листата на Глобалниот индекс за мир 2023
Земјава е меѓу првите 40 од вкупно 163 рангирани на листата на Глобалниот индекс за мир 2023 и има исклучителен скок од 94. место во 2016 на 38. место во 2023 година, посочува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на фејсбук.
-Во изминативе шест години, откако го преземав раководењето со МВР, тргнувајќи од премисата дека нужното менување на МВР мора да биде втемелено на реални проценки, капацитети и можности, посветено работевме на спроведување на квалитетни реформи со цел да ги поттикнеме и поддржиме севкупните промени на безбедносниот сектор во државата. И, конечно воспоставивме норми и утврдивме концепт „МВР за граѓаните” коишто гарантираат заштита на човековите права и слободи, а истовремено се и силна брана против злоупотребата и незаконитото работење, напиша Спасовски на својот фејсбук профил.
Тој чекор, вели во објавата, го направивме без нималку колебливост, со цврста решеност да се етаблираат принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста, како еден од круцијалните фактори за просперитет на општеството и како гарант за развојот на правната држава.
-Со низа суштествени, реформски и програмски зафати во рамки на Министерството за внатрешни работи што ги реализиравме изминативе години - подобрени услови за работа со 80 реконструирани објекти, покачени плати и исплатени бонус плати, опремена полиција во служба на поголема безбедност на граѓаните - бездруго заземаат значајно место во напорите за квалитативно унапредување на модерното полициско работење, а во насока на гарантирање на врвна безбедноста на сите наши граѓани, прецизира Спасовски во објавата на фејсбук.
Ново на Сител
-
Израел категорично го отфрла извештајот на агенцијата поддржана од ОН, кој потврдува масовен глад во дел од Газа
-
Кац: Градот Газа може да биде уништен и портите на пеколот ќе се отворат над Хамас
-
80-годишник дошол на преглед во болница, му се слошило и починал
-
Повредени две девојчиња на тротинет откако автомобил удрил во нив, сторителот избегал од местото на настанот
-
Две малолетнички починале откако со четирицикл излетле од патот во кичевски
-
ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени
-
Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија
-
79-годишна тетовчанка измамена за 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци