Спасовски: Во 2022 запленети 2,4 тони дрога вредна шест милиони евра

Успешна 2022 година во борбата против недозволена трговија со дрога, запленети над 2,4 тони дрога која би достигнала вкупна вредност од шест милиони евра на црниот пазар, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот профил на Фејсбук.
Меѓу запленета дрога има марихуана, хероин, кокаин, амфетамин и хашиш. Сузбиени се 12 организирани криминални групи составени од 51 член. Откриени се, напиша Спасовски, над 700 кривични дела, за кои се пријавени над 800 сторители.
– Тука се и заплените на 20 тони најразлични прекурсори, со цел понатамошно производство на синтетичка дрога. Вредна за споменување е заплената од еден тон прекурсори на скопскиот аеродром од кои би можело да се произведе амфетамин во вредност од над 50 милиони евра, објави министерот за внатрешни работи на Фејсбук.
Воедно, во делот на недозволена трговија со дрога, информира Спасовски, во 2022 година е извршено најголемото уништување на запленета дрога досега, вкупно 10 тони дрога.
– Продолжуваме со несмален интензитет и во 2023, порачува министерот Спасовски преку Фејсбук.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Жените веќе не се исклучок во технолошките процеси, туку се нивни креаторки
-

МНРиНТ апелира македонските државјани да се воздржат од непотрбни патувања на Блискиот Исток
-

Царинската управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани
-

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“
-

Родилка почина по царски рез на Клиника за гинекологија и акушерство
-

Мајка и дете загинаа откако се фрлија од зграда во скопски Карпош
-

Две убиства и обид за убиство: Се проширува истрагата за 25-годишниот убиец од Малотино
-

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер
