Две убиства и обид за убиство: Се проширува истрагата за 25-годишниот убиец од Малотино

Истрагата против дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек се проширува за уште едно убиство, изјави обвинителот Љубомир Лапе.
-Се спроведува истражна постапка против истото лице, со што фактички се проширува истрагата за уште едно кривично дело – убиство. Согласно Кривичниот законик, тоа претставува кривично дело убиство од член 123 став 3, за кое е предвидена доживотна казна затвор, изјави тој по денешниот брифинг со новинари за предметот.
Обвинителството најави дека во наредните денови ќе биде извршена уште една ексхумација, за уште една жртва за која постои сомневање дека е убиена.
Засега има докази за две убиства, како и за еден обид за убиство, а ДНК анализата ги поврзува случаите со осомничениот Т.Б. кој работел како овчар.
Надлежната обвинителка од кумановското обвинителство, Теута Бедиу Рамадани и обвинителот кој го води предметот, Љубомир Лапе, на денешниот брифинг информираа дека мотивот за убиствата сѐ уште не е утврден и се чека на психијатриско вештачење за состојбата на осомничениот. Тие информираа и дека се издадени наредби до МВР да ги достават сите претходни пријави и поплаки за осомничениот, врз основа на кои ќе се утврди дали имало пропусти во постапувањето.
-МВР доби наредба да ги извади сите можни пријави, поплаки, телефонски јавувања, очевидци, сите можни настани врз основа на кои ние понатаму ќе утврдуваме што е пријавено, кој постапил, кој не постапил, додека немаме увид во сите овие материјали не можеме да зборуваме, изјави обвинителот.
Жртвите и преживеаната се од ист регион, а според обвинителството, засега нема докази дека станува збор за сексуално насилство.
Против дваесет и петгодишниот Т. Б., како што информираа претходно од СВР Куманово, биле поднесени и кривична пријава поради постоење основано сомнение дека е извршител на две „тешки кражби“ по член 236 од деловен објект и приватен имот и „кражба“ по член 235 од товарно моторно возило.
МИА
Ново на Сител
-

Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, дел ќе се враќаат со чартер летови, дел со владиниот авион
-

Утре облачно со локален дожд, а потоа сончево и топло до 18 степени
-

44-годишник загина откако со возилото излетал од патот на обиколницата Скопје - Тетово
-

Голем пожар во познатиот штипски ресторан „Мал одмор“ | ВИДЕО
-

Почна судењето за убиството на 79-годишна жена во Штип, обвинетиот не признава вина
-

За еден месец полицијата одзела 25 возила на подрачјето на СВР Охрид поради безобѕирно управување
-

Државјани од Србија и неколку македонски државјани кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград
-

Кривичен суд: Реализирана прва екстрадиција од Емиратите во нашата земја
