-->
-->
Спасовски: Турција е наш кредибилен, доследен и принципиелен поддржувач со кого споделуваме заеднички цели и предизвици
-->
Во богатиот етнички спектар на ова наше македонско тло, турската етничка заедница претставува едно, би рекол, врзивно ткиво, длабоко втемелено во културниот, историскиот и општествен развој на нашата држава. Таа позиција изградена со силната лојалност и добронамерност, со солидарност и уважување на сограѓаните, заслужува највисок можен респект. Оттаму, денешното наше заедничко чествување на Денот на наставата на турски јазик, треба да се сфати како одбележување на датум што ја надминува сопствената симболика, како празник кој што безрезервно ги заслужува пиететот, почитта и искреното уважување од сите наши граѓани.
Ова го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето на настанот вечерва по повод чествувањето на 21 Декември – Денот на турската настава, органиизран од МАТУСИТЕБ – Сојузот на турските невладини организации во Република Македонија под покровителство на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА на кој присуствуваше и претседателот на Собранието на Република Турција, Мустафа Шентоп.
Според Спасовски, печатот на вековното заедничко живеење и опстојување, меѓу другото манифестиран не само во заедничките културни традиции и историјата, туку и во отворената и искрена поддршка што турската етничка заедница и Република Турција ѝ ја даваат во континуитет на нашата држава, во сите овие години на самостојност, сведочат за нашето цврсто и нераскинливо пријателство, кое како залог оставен од нашите предци, треба да го чуваме, негуваме и унапредуваме.
-Ако се бара пример за квалитетен соживот, за меѓуетничка толерантност, уважување и негување на различноста, тогаш сосема сигурно таков би бил примерот изграден од вековното искуство на заедничко егзистирање меѓу турската и македонската етничка зедница овде, во Република Македонија. Токму таквото заедништво, пак, препознаено и прифатено и од Република Турција, овозможи во неа да имаме кредибилен, доследен и принципиелен поддржувач, со кого споделуваме многу заеднички цели, но и предизвици, рече Спасовски.
Ова се однесува особено на патот на нашето евроатлантско интегрирање, но и во делот на криерирање општество за сите, општество што ќе почива врз модерните културни, социјални, економски, образовни и политички стандарди и вредности, додаде министерот за внатрешни работи, а турската етничка заедница во земјава, вели, претставува мостот кој што силно нѐ поврзува и обединува во остварувањето на заедничките интереси и цели.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студено со појава на магла по котлините
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија