Спасовски: Сообраќајните контроли даваат резултат, се намалува бројот на сообраќајни незгоди
Сообраќајните контроли што се прават на територијата на целата држава врз основа на претходно изработен план даваат резултат. За помалку од месец изречени се над 14.000 санкции во зајакнатите сообраќајни контроли ширум државата и овие мерки даваат резултат, бидејќи до овој момент имаме намалување на 7,5 отсто на бројот на сообраќајни незгоди од почетокот на засилените контроли, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Одговарајќи на новинарското прашање во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, Спасовски посочи дека се изрекуваат санкции и кон пешаците кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
-Иако е поголем бројот на казни за возачите, во рамки на овие контроли, секогаш кога ќе се забележи непочитување на сообраќајните прописи од страна на пешаците, имаме изрекување на санкции и за нив, појасни министерот Спасовски, додавајќи дека така и ќе се продолжи, сѐ со цел воспоставување на ред во сообраќајот, што како горлива точка е нотирано од сите наши граѓани.
Меѓу темите на разговор беше и почитувањето на мерките за спречување на ширење на коронавирусот, односно санкциите кои се изрекуваат за неносење на заштита на лицето, кои исто така се зачестени, а дел од јавноста ги толкува како начин на полнење на државниот буџет.
Министерот Спасовски посочи дека таквата констатација не е точна односно во ниту еден случај не станува збор за полнење на буџетот, туку за придонес во спречувањето на ширењето на овој вирус.
-Само заеднички можеме да придонесеме за спречување на ширењето на коронавирусот. Тоа зависи од сите нас. Секој граѓанин мора да е во функција на заштита на јавното здравје, нагласи Спасовски.
Ново на Сител
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
