Спасовски: Преку две показни вежби презентирана подготвеноста на нашите служби за спасувачки операции
По повод Денот на полицијата во рамки на Алпинистичко-спасувачките показни вежби „Водно 2019“ денеска припадници на полицијата изведоа две показни вежби на падините на средно Водно, со што ја прикажаа подготвеноста за спасувачки операции.
Во рамки на активностите беше изведена спасувачка акција на заглавени патници во кабини на жичница со примена на алпинистички техники, специјална опрема за работа на жичница, како и приод и евакуација со хеликоптер, демонстрирани од припадници на алпинистичкиот тим од Единицата за специјални задачи и хеликоптер со екипаж на Воздухопловната eдиница за полициски операции.
– Преку вакви презентации и овозможуваме на јавноста да се запознае со секојдневните активности на полицијата како и потенцијалите на Министерството во остварувањето на своите законски надлежности и должности. И денеска се покажа одличната подготвеност на полициските службеници и нивното ефикасно дејствување во корист на граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Министерството за внатрешни работи имајќи ја предвид важноста на овој вид специјализирани тимови и служби, како за полициски така и за спасувачки намени, потенцира, дава континуирана поддршка за нивното надградување и модернизирање притоа издвојувајќи значителни финансиски средства за обука и опремување.
– Во изминатиот период за потребите на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи набавена е нова алпинистичка опрема и системи за спасување. Во соработка со Амбасадата на Република Франција во неколку наврати организирана е обука на припадниците на алпинистичкиот тим на ЕСЗ со експертски тимови од Франција, рече Спасовски.
Министерот Спасовски денеска им додели плакети на членовите на оперативниот штаб при МВР кој беше формиран за неодамнешната посета на папата Франциск.
Ново на Сител
-
Бел чад над систинската капела – избран е наследникот на папата Франциск
-
Тема на денот со професор Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во Ватикан
-
Подготовките за локалните избори во полн ек – Таравари на излезна врата
-
И Димитриевски и СДСМ ги повикаа истражните органи да утврдат дали има корупциски скандал во Куманово
-
Предлог-закон на СДСМ за помош на настраданите од Кочани, од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат - имаат свој план за помош
-
Истрагата за пожарот во Кочани во полн ек, родителите обвинуваат за масовно убиство
-
Кој треба да истражува дали има фиктивна вакцинација на деца со лажни потврди?
-
Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не се користи и скапува во подруми утврди ДЗР