Спасовски положи цвеќе на Спомен Костурницата во чест на Денот на ослободување на Куманово
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска положи цвеќе на Спомен костурницата во Куманово во чест на 11 Ноември, Денот на ослободување на Куманово. Тој го честиташе Денот на ослободувањето, осврнувајќи се на значењето на Куманово и придонесот на борците од градот во антифашистичката борба. Во објавата на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи потсетува дека од кумановскиот регион се бореле над 2.000 борци од Козјачкиот и Карадачкиот одред.
- Со вековен стремеж за своја слободна и независна држава го ослободија Куманово, победувајќи го фашистичкиот окупатор. Над 500 херои го положија својот живот на браникот на татковината, против угнетувањето, поделбите и омразата. Тогаш, со општонародна веселба кумановци на кумановската Тумба со радост ја дочекаа слободата, пишува Спасовски на социјалните мрежи.
Тој потсетува дека Куманово, како град првоборец даде осум народни херои: Киро Фетак, Перо Чичо, Боро Менков, Бајрам Шабани, Боро Петрушевски Папучар, Христијан Тодоровски Карпош и Трајко Стојковски-Бузо. По ослободувањето, Куманово забрзано започнува да ја испишува историјата на растежот, развивајќи се во значаен стопански, културен и спортски центар на Балканот, пишува Спасовски и дополнува дека денеска, Куманово расте како заеднички плод на обединети граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите оние кои придонесуваат за соживотот.
- Само така, заедно, продолжуваме да го развиваме Куманово во мултиетнички центар – Европа во мало. Пренесувајќи ја слободната мисла кон идните генерации, ја штитиме традицијата на градот, ги почитуваме сите оние кои се изборија да го имаме слободно Куманово и сте оние кои го чуваа Куманово сите овие години. Со гордост да им го оставиме во аманет на нашите деца и внуци за да имаат и тие со што да се гордеат – со придобивките на слободата и слободоумниот дух на еден народ кои го осигурија мирот и прогресот на слободно, модерно и европско Куманово. И денес сме рамо до рамо во НАТО и со државите членки на ЕУ, во одбраната на мирот. Наша обврска е да останеме на европскиот пат и да ги обезбедиме европските перспективи за младите генерации тука дома, во Македонија, вреднувајќи сè што е постигнато со македонскиот непокор до денес. Во свое и во име на МВР, оттука пред Спомен костурницата во Куманово, оддавам најдлабока почит кон нашите борци, хероите кои ги ослободија градот Куманово и македонската држава, пишува Спасовски.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ