Спасовски: Откриени 372 кривични дела и пријавени 440 сторители на недозволена трговија со дрога
Во првото полугодие од 2023 година откриени се 372 кривични дела и кривично пријавени 440 сторители во борбата против недозволена трговија со дрога, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Во објавата на неговиот официјален фејсбук профил Спасовски сублимирајќи ги резултатите за првите шест месеци, наведува и дека се зголемени и заплените на кокаин, амфетамин и екстази и тоа: 286 кг марихуана, 7 кг амфетамин, 3 кг кокаин и 3.532 парчиња екстази.
-Откриена лабораторија за производство на амфетамин, пресечени три транспорти на марихуана, сузбиени пет криминални групи и Меѓународна акција во Грција каде се запленети 104,6 кг кокаин. Продолжуваме отчетно и транспарентно - МВР за граѓаните 2023, стои на фејсбук статусот на Спасовски.
Ново на Сител
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници
-
Розов пикник појадок за поддршка на жените со рак на дојка
-
Заедничка балканска промоција
-
Технолошки парк „N99“ почетокот на една нова ера