Спасовски: Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат
– Од 1 јануари уверението за државјанство ќе може да се издава и во електронска форма преку Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса. Граѓаните ќе можат по електронски пат да поднесуваат и барања за издавање на лична карта и пасош.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук профил информира дека се усвоени законските измени за целосна дигитализација на процесите со цел подобрување на искуството на граѓаните при вадење на лични документи.
– Со цел подобрување на искуството на граѓаните при вадење на лични документи и спроведување на целосна дигитализација на процесите, ова раководство на МВР пристапи кон хармонизирање на законската регулатива со европското законодавство, со тоа што беа предложени законски измени коишто Собранието на Република Северна Македонија ги усвои во март годинава, а стапуваат на сила 1 јануари 2023 година, наведува Спасовски.
Поднесувањето на барање за издавање на лична карта и пасош е овозможено согласно измените и дополнувањата на Законот за лична карта, Законот за патни исправи, Законот за лично име и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето.
– Во постапки определени со закон, како што е прибавување на доказ за објава во Службен Весник за загубена лична карта, истиот го прибавува МВР по службена должност преку Националната платформа за интероперабилност. МВР може да издаде решение за поништување на матичен број на граѓанин или странец како електронски документ, појаснува Спасовски во фејсбук статусот.
Со цел усогласување со дигитализацијата на процесите поврзани со постапките утврдени со закон, како што наведува Спасовски, формирани се работни групи кои работат на ревидирање на законите и подзаконските акти во надлежност на МВР и тоа на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за оружјето, Законот за детективската дејност, Законот за странци, Законот за полиција, Законот за меѓународна и привремена заштита, Законот за заштита од експлозивни материи, Законот за следење на комуникациите, Законот за прометот на експлозивни материи и Законот за приватно обезбедување.
Ново на Сител
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон кавадаречкиот градоначалник и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
-
Во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, повредени неколку лица меѓу нив и тримесечно бебе
-
ЈП Водовод и канализација: Апел до скопјани за рационално користење на водата за пиење
-
Двајца малолетници и две женски лица на 19 и 41 година приведени за престрелката во Тетово