Спасовски: Ние не креираме барок и гипс картони, ги враќаме парите од граѓаните за граѓаните
„Најранливата група на граѓани се нашиот приоритет за помош, за социјалната категорија на граѓани обезбедивме средства со кои ја покачивме социјалната помош за 300 проценти“, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски во Куманово.
Тој кажа дека со долгорочна и стабилна политиката за искоренување на сиромаштијата, директно им се помага на најранливите лица да имаат пристоен живот.
„Да ги вратиме парите кај граѓаните , тоа е обврската која ја преземавме кога режимот направи пустош и ги осиромаши граѓаните. Ние не креираме барок и гипс картони, ги враќаме парите од граѓаните за граѓаните“, рече Спасовски.
„На пензионерите над 65 години кои не остваруваат услови за стекнување на пензија, овозможивме државна пензија во висина од 6.000 денари месечно, со што покажавме дека пензионерите со нас се на сигурно и дека се грижиме за сите. Продолжуваме да креираме социјални услуги блиски до граѓаните.
Владата на СДСМ секогаш ќе се грижи за граѓаните и нивната благосостојба. Тоа е нашата основна мисија“, порача Спасовски од Куманово.
СДСМ
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово е срамна
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата