Спасовски: Нема причина за било каква паника, ситуацијата е под контрола
Премиерот Оливер Спасовски за првиот случај на коронавирус вели дека нема причина за било каква паника, бидејќи ситуацијата е под контрола. Тој упати апел до граѓаните свеста да биде на високо ниво, односно да се почитуваат препораките кои ги дава Министерството за здравство. Спасовски вели дека треба да се внимава и на информациите кои се пласираат на социјалните мрежи, бидејќи, тие некогаш создаваат проблеми.
„Ве уверувам дека нема причина за било каква паника, воспоставена е контрола, системите се целосно подготвени. Сите мерки кои се превземени до сега, се врз основа на сите протоколи. Прв пат имаме случај на заболен од коронавирус, преминуваме во фаза за справување со состојбата. Апелирам граѓаните целосно да се придржуваат до препораките на Минситерството за здравство. Институциите имаат стручни кадри, опрема и капацитети, па согласно со сите стандарди се одвиваат сите постапки. Добро е што на целиот ризик му пристапивме со време, па воспоставивме систме за рана детекција. Сите постапки, дури и превентивните, ќе ги превземеме со протоколите“, рече Спасовски.
Засега нема да се донесе одлука со која ќе треба да се одложат сите закажани манифестации на отворено, посочи Спасовски, додавајќи дека и покрај регистрираниот прв случај на коронавирус, животот мора да продолжи.
„Ние донесовме одлука затоа што сметавме дека е одговорно како Влада, да им дадеме задолжение на сите училишта кои имаат екскурзии во Италија, тие да не се одржат. Одговорноста на секој граѓанин треба да е на високо ниво. Кога немаме неодложно патување, би било од помош да не одиме во овие ризични подрачја. Имаме заболеми од коронавирусот и во соседните држави, тоа не беше прашање, туку справувањето со оваа ситуација. На основа на се она што го добиваме како информација и состојба, ќе ги носиме тие одлуки за одложување на манифестациите. Оваа ситуација ја следиме врз основа на препораките. Животот мора да продолжи нормално“, додаде Спасовски.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност