Спасовски на работна средба со претставници на Делегацијата од Европскиот центар за следење на дроги и зависности од дрога
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска остварија работна средба со делегација од Европски центар за следење на дроги и зависности од дрога (ЕМЦДДА) предводена од Фредерик Денекер, ИПА проект координатор.
Како што соопшти МВР, Европскиот центар за следење на дроги и зависности од дрога соработува со институциите на земјите кандидати и потенцијални кандидати за ЕУ од 2008 година преку развивање и спроведување на проекти за техничка соработка финансирани од ИПА програмата, како што е тековниот проект ИПА регионалниот проект за техничка соработка со земјите од Западен Балкан.
- Крајната цел на овие проекти е да ги запознаат корисниците co политиките и методите на работа на ЕУ, како и подготовка за учество во работата на ЕМЦЦДА. Во таа насока и министерот Спасовски истакна дека борбата против недозволената трговија со дрога е еден од врвните приоритети на Министерството и дека соработката со Центарот е од клучно значење за МВР, стои во соопштението.
На состанокот, како што се наведува, беа истакнати целите на оваа соработка која се фокусира на собирање и анализирање на податоци за прашања поврзани со дрогите, обезбедувајќи вредни увиди за трендовите на дрогите, моделите на употреба и нивните социјални и здравствени последици. Соработката со Центарот помага да се усогласат политиките и стратегиите за дроги низ европските земји, како и за воспоставување на систем за рано предупредување за откривање на новите закани и трендови од дрога.
- Генерално, соработката со ЕМЦДДА е од витално значење за информирано креирање политики, координиран одговор на предизвиците со дрогите и заштита на јавното здравје и безбедност во Европа, за што и двете страни се сложија дека соработката и во иднина ќе продолжи и ќе се интензивира, се вели во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Полицијата повторно го уапси Акиф Равманоски кој беше помилуван од претседателката Сиљановска Давкова
-
Фон дер Лајен: Завршивте добра работа, имаме одлични реформи, ќе почнеме со 52 милиони евра од Планот за раст
-
Малолетник тешко повреден кога со мотоциклот излетал од патот Маврови Анови – Гостивар
-
Анкета: Хрватите и Словенците сакаат победа на Харис, Србите на Трамп
-
Собранието ќе ја продолжи 17. седница следната недела
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
-
Мицкоски: До конечната цел, членството во ЕУ ќе дојдеме со синергија на напорите за реформи и зачувувањето на достоинството на граѓаните
-
Претреси во Штип, пронајдено оружје и муниција, лишени од слобода две лица