Спасовски: Министрите од СДСМ поднесоа оставки на функциите
Министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ денеска поднесоа оставки од функциите во Владата на Република Македонија. Доколку остане во сила одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари годинава бараме оставките претходно да се констатираат, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
- Согласно Договорот од Пржино Владата во којашто учествуваме се формираше за организирање фер и кредибилни избори откако ќе се исполнат сите точки од овој договор, рече Спасовски во изјавата за медиумите дадена пред Владата на РМ.
Потенцира дека во Македонија нема услови за фер и демократски избори на 24 април. Тоа е, рече тој, директно потврдно и од меѓународната заедница од ЕУ и САД.
- Без прочистен избирачки список и без реформи за слободни медиуми нема услови за регуларни кредибилни избори, истакна Спасовски и додаде дека СДСМ нема да ги алиментира „неслободните и недемократски избори коишто ги најавува ВМРО-ДПМНЕ“.
Одговарајќи на новинарско прашање за Спасовски рече дека Договорот од Пржино е прекршен уште со, како што наведе, едностраната одлука на двете политички партии за распуштање на Парламентот.
На прашањето што доколку не им се констатираат оставките, Спасоски рече дека тие се во оставка од моментот на поднесувањето.
- Тие што ја донесоа одлуката за распуштање на Собранието имаат обврска да ги констатираат оставките од позициите што ги имаме, додаде Спасовски.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори