Спасовски: Мијалков не ја напуштил државата, цело време бил во Скопје
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава во емисијата „Утрински брифинг“ изјави дека Мијалков не ја напуштил државата во изминатите два-три дена, дека тој цело време бил во Скопје и дека биле преземени низа опсежни мерки за негово утврдување.
-Јас вчера и на прес конференција кажав дека според оперативните сознанија знаеме дека тој е во Скопје. Сега се води истрага, до вчера работевме со ОЈО со дежурните обвинители, во смисла на повикување на информативни разговори на лицата кои би можеле да бидат помагатели во неговото бегство. Важно беше да се одземат сите телефони, уреди, документи кои би можеле да бидат од истрагата. При претресот на неговиот дом обезбедени се електорнски уреди и документација која што може да биде дел од целиот процес. Од вчера е назначен јавен обвинител кој што директно ќе раководи со овој случај, вели Спасовски.
Тој посочи дека од моментот кога се добива сознание дека е можно да се изврши бегство, МВР ги применило сите полициски овластувања.
-Ние практично не можевме да преземаме, ниту сме имало обврска, налог, било каква активност во однос на движењето на Сашо Мијалков. Од моментот кога се добива сознание дека е можно да се врши бегство, ние ги применуваме нашите полициски овластуивања, што значи вие можете да преземете прикриено полициско набљудување од јавни површини. Секако дека ова не е ефикасна метода, но таа е дозволена со закон. Ние заради преземањето на овие мерки кои беа со прикриеното полициско дејствуање и во насока на очекувањето на решението за определувањето на мерката притвор, се преземаа сите активности во тој момент, вели Спасовски.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
