Спасовски: Квалитетно водосонабдувањето во виничко
Состојбата со водата за пиење во градот и населените места во Општина Виница е на задоволително ниво. И покрај високите температури и зголемената потрошувачка на вода како во градот така и во населените места со чии селски води стопанисува ЈП „Солидарност“ Виница водоводите се во исправна состојба, изјави директорот на јавното претпријатие Игор Спасовски.
- До 2009 година само во селата Јакимово, Црн Камен и Трсино, ЈП „Солидарност“ Виница имаше ингеренции, т.е. стопанисуваше со нивните водоводни системи. Оттогаш па се досега, се превземени водоводните системи од селата Драгобраште, Пекљани, Калиманци и маалото Драка. Во изминатите години инвестирани се многу средства од страна на Општина Виница со цел подобрување на водоснабдувањето во населените места во општината, истакна Спасовски во изјавата за МИА.
Изграден е и пуштен во употреба нов бунар со резервоар и водоводна мрежа во маало Драка, с.Калиманци, реконструиран е дел од водоводната мрежа во с. Липец, изградена е нова дренажа и нов бунар за вода во с. Калиманци, набавени се и вградени пумпи за вода во три посебни водоводни системи во с. Грљани, поставување на регулатор за притисок во водоводниот систем во с. Пекљани, набавка на нови пумпи за вода за с.Јакимово, Црн Камен, Грљани и Калиманци, наведува Спасовски.
Реконструирани се, како што рече, три крака од водоводната мрежа во с. Јакимово, каде што имаше постојано дефекти и пукање на водоводната мрежа, изградена е нова водоводна линија во с. Истибања која го поврзуваше маалото Црвена Ѕвезда директно на бунарскиот систем, а изграден е и еден крак од водоводната мрежа во с. Блатец.
- Постојаното ангажираање на екипите на ЈП „Солидарност“ за одржување на водоводот во отстранување на дефекти на водоводните мрежи во повеќе населени места со кои не стопанисуваме е обврска на нашето претпријатие, вели Спасовски.
Тој ја посочи изградбата на Филтер станица за вода за пиење во с. Крушево, како и набавката и вградување на хлоринатори за автоматско хлорирање на водата и фотоволтаични сончеви колектори кои ќе произведуваат струја за да работат хлоринаторите за четири населени места: Трстија, Трсино, Крушево и Пекљани.
Последните анализи од Центарот за јавно здравје Кочани покажуваат дека во сите овие населени места по земените анализи после активирањето на автоматското хлорирање има доволни количини на резидуален хлор во водата согласно законските прописи.
- Најголемата инвестиција во водоснабдувањето ќе биде изградбата на Филтер станица за вода за пиење во с. Трсино. Овој проект е направен пред неколку години и сега останува само да се реши проблемот со Урбанистичката документација и ќе се започне со изградба. Средствата се обезбедени од страна на Владата на Република Македонија, рече тој.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице