-->
-->
Спасовски-Канглер: Продолжува одличната соработка со Словенија
-->
Продолжува одличната соработка со Словенија, меѓу двете МВР, во насока на наша поддршка во борбата против илегалната миграција, но и за нашиот пат кон ЕУ, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот ФБ профил.
– На средба со државниот секретар при МВР на Република Словенија, Канглер, се заблагодарив за поддршката на словенечките полициски службеници за зајакнат надзор на нашата јужна граница преку заедничките операции, како и за донациите, пред сѐ во опрема за посебни активности на нашата полиција, објави Спасовски.
Тој порача дека како МВР остануваат посветени на воспоставената агенда за меѓусебна соработка со Словенија, со цел натамошно унапредување на сите полиња од заемен интерес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност