Спасовски: Изборите треба да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба

Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба, за 22 дена треба да се одржат избоири во Република Северна Македонија. Жалам што сме единствена држава во светот каде што немаме функционален парламент, истакна денеска премиерот Оливер Спасовски пред Клиниката за инфективни болести во Скопје, прашан за датумот за изборите и дали ќе има лидерска средба.
-Дали ќе има нова лидерска не знам, но знам дека датумот е детирминиран со Уредбата со законска сила која има важење до завршување на вонредната состојба. Ако имавме функционален парламент тогаш изборите можеа да се одржат тогаш кога ќе се договорат политичките партии и лидери. Очекувам дека во рамките на законската можност ќе имаме дијалог и преку дијалог ќе дојдеме до конечен ден на одржување на изборите, затоа што тоа е добро за државата, истакна Спасовски.
Премиерот рече дека состојбата со Ковид-19 е под контрола, а тоа, според него, се должи на утврдување на кластерите и луѓето кои се во самоизолација. Спасовски апелираше и до политичарите кога зборуваат за здравјето и животот на граѓаните, да имаат предвид се што ќе преземат во политичка смисла, тоа да биде да не се загрозува животот и здравјето на граѓаните.
Според министерот за здравство Венко Филипче, подобро е изборите сега да се одржат отколку наесен поради тоа што во моментов постои поголема контрола врз коронавирусот.
-Сега ситуацијата за избори е поволна затоа што повеќе е под контрола отколку наесен, сега се присутни ефектите од рестрикциите од движењето, карантинот и не работат училиштата, градинките, а затворени се и границите. Сите овие три фактори надополнети со тоа што наесен би можело да значи една епидемија од сезонски грип, може значително да ја комплицира ситуацијата и такви се предвидувањата и на СЗО и на други земји, истакна Филипче и нагласи дека доколку се почитуваат мерките, изборите можат безбедно да се одржат.
Вицепремиерот Бујар Османи рече дека ДУИ биле единствени што не ја оцениле лидерската кај претседателот како неуспех и дека за нив тоа било почеток на дебатата за конзензус за изборите. Тоа го покажале со тоа што не отишле со вкалкулирана дата за изборите, бидејќи според нив, треба два фактора да се исполнат, а тоа е ниту еден процес да не го загрози здравјето на граѓаните и второ да се постигне консензус за изборите.
Ново на Сител
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
-

Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра
-

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид - Кичево
-

Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари
-

Градот на солидарноста ги мами погледите на странските туристи
-

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
-

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави Арагчи
