-->
-->
Спасовски: Интеграцијата во НАТО и ЕУ е стратешка определба на Македонија уште од 1991
-->
Министерот за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ Оливер Спасовски денеска оствари средба со пензионерите од здруженијата на старосни и пензионери-инвалиди на трудот од Крива Паланка на која посочи дека претстојната недела е клучна за Македонија, секој да поразговара со блиските и соседите и да им каже зошто е важно, како што рече, да се излезе на референдумот, како во 1991 година, и да гласа согласно сопствените убедувања, „за“ или „против“.- Интеграцијата во НАТО и ЕУ е стратешка определба на Македонија уште од 1991 година, а тогашните лидери кои ја воделе државата биле визионери и знаеле дека не можеме сами ккао народ и држава од 2 милиони жители, туку мора да се интегрираме и да имаме кој да застане зад нашиет интереси. Вие се сеќавате подобро за референдумот во 1991 година, и тогаш имаше голема дебата, дали треба или не, вакво или онакво било прашањето, меѓутоа тоа беше круцијален момент да се изјасниме дали сакаме назависна и суверена Македонија, а сега е моментот да се изјасниме дали сакаме интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ, рече Спасовски.
Меѓународната подршка е посилна од кога и да е, според Спасовски, а дел од најмоќните лидери од Европа и светот ја посетија Македонија.
Посочи дека во Македонија се вкрстуваат и минуваат многу важни патни правци, има одлична геостратешка положба, па поради тоа, ни е важна меѓународната подршка, но и на Европа и значи нашата интеграција во големите семејства на ЕУ и НАТО.
Спасовски при посетата на Крива Паланка и Кривопаланечко оствари средби со младите во центарот на градот, а попладнево предвидени се средби во населба Маневци и село Конопница
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Физички напад со ладно оружје и гасен пиштол: Татко и двајца синови осомничени за насилство во Бутел
-

Иран најави комеморација за ајатолахот Хамнеи 40 дена по неговото убиство
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
