Спасовски: Има можност за проверка на финансиските текови за продажбата на ТЦ Соравија
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека има можност да се отвори постапка за проверка на финансиските текови околу продажбата на ТЦ „Соравија“, со која како што беше објавено вчера, со 39 проценти удел ќе се стекне Дрин Ахмети.
-Ова се податоци и информации коишто даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови, и секако дека Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и на основа на тоа да задолжи соодветни институции за спроведување на законот и да се проверат сите факти и аргументи, изјави Спасовски, на новинарско прашање дали МВР ќе провери како Дрин Ахмети се стекнал со 39 проценти од „Соравија“.
Спасовски во коментар за најавениот собир во организација на МПЦ-ОА во знак на протест од предложениот закон за родова еднаквост, посочи дека законот се уште не е влезен во владина процедура и оти треба да се отвори широк дијалог.
- Сметам дека треба да се отвори широк дијалог во однос на овој закон, и на крајот да ги постигнеме очекувањата на општеството. Кога ќе се затвори целосната дебата, тогаш законското решение може да оди во владина и во собраниска процедура, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Експерти: ДИК не смее да усвојува правилник за изборите
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара
-
Мицкоски контра Меџити - Убивањето на безбедносните сили од заседа во 2001 не може да е разумно
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња