Спасовски и Ременски штанцаат решенија додека нивните насилници ја тепаат полиција
Додека нивните насилници дивеат и ја тепаат полицијата, техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговата колешка која раководи со МТСП Фросина Ременски прават криминал и штанцаат решенија на партиски војници за именување на функции директори и началници, дознава КУРИР.
Медиумите уште вчера објавија дека техничкиот министер за внатрешни работи издал наредба правните служби во мистерството до доцна до ноќта повторно да ги донесат сите незаконски решенија кои беа поништени од владата.
Според сознанијата кои беа објавени, Спасовски повторно незаконски за 7 нивоа во хиерархијата го унапредил и сопругот на неговата сопартијка Фросина Ременски. Истото го направила и Ременски која повторно ги носи одлуките кои претходно и беа укинати од Владата.
Ваквото однесување на техничките министри на СДСМ уште пред неколку месеци го најави стратегот на партијата Љубомир Фрчкоски. Зачудувачки е тоа што техничките министри на СДСМ рекоа дека се заробени во владата и до изборите ќе ги извршуваат само основните задачи како да потпишат издавање на плата, а сега повторно унапредуваат кадри носејќи одлуки кои претходно беа поништени.
Само Оливер Спасовски од ноември досега донесе околу 500 решенија спротивни на законот со кои унапредуваше спротивно на внатрешните акти на МВР. Ваквите одлуки беа поништени со одлука на владата.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје