Спасовски ги посети повредените полицајци: Длабока почит за херојството
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски објави фотографии од посетата на повредените полициски службеници.
- Утрово ги посетив храбрите припадници на македонската полиција коишто беа повредени при извршување на службени дејствија на вчерашниот јавен собир пред Владата, МНР и пред Собранието.
Најостро го осудувам насилството врз полициските службеници чија должност е да ја одржуваат безбедноста. Притоа, во свое име и во име на раководството на МВР изразувам длабока почит за храброста и херојството во одбрана на државните институции и од срце им посакувам брзо закрепнување.
Во оваа прилика би сакал да ја информирам јавноста дека повредени се 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега.
Во врска со немирите кои ескалираа пред објектот на Собранието на Република Северна Македонија, нема ниту еден повреден граѓанин, од страна на полициските службеници приведени се 11 лица, а за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.
Уште еднаш сакам да упатам апел до граѓаните да не потпаѓаат под никакви провокации, чија намена очигледно е нечесна и исклучиво водена од мотивите за остварување на политичка агенда, а организаторите на протестите и граѓаните ги повикувам да покажат демократски капацитет, да победи здравиот разум, и да не се повтори никогаш веќе 27 април!
Во Република Северна Македонија нема место и нема оправдување за насилство! Дијалогот треба да се води во институциите на системот, а македонската полиција е токму гарантот за безбедноста на државата и нејзините граѓани.
Благодарност до граѓаните кои дадоа поддршка за МВР и полициските службеници кои стоеја во одбраната на безбедноста, како и до медиумите за објективното информирање. - напиша Спасовски.
Ново на Сител
-
Кривична за полицаец - нападнал обезбедување во ноќен клуб во Скопје
-
Зеленски неделава во посета на Саудиска Арабија, веднаш по средбата на руски и американски дипломати
-
Реал Мадрид го обжали црвениот картон на Џуд Белингем
-
Tерорист од Чаир стана министер во Сирија
-
Барселона финализира договори за неколку клучни играчи
-
„Ќе ти ги убиеме децата“, уапсен маж кој се заканувал на српскиот претседател Вучиќ
-
Утре инаугурација на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ХДЗ бојкотира
-
Мисајловски во официјална посета на Словенија