Спасовски: Ги отворивме вратите на МВР за квалификуваниот кадар од областа на безбедноста
Во Министерството за внатрешни работи, согласно нашите приоритети за кадровско, но и адекватно стручно екипирања на институцијата, после подолг период годинава се вработуваат триесетина ваши колеги, образувани и во вашата институција, убедени дека нивната стручна и образовна подготвеност ќе бидат важен инпут во севкупното поквалитетно работење на МВР, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на првиот академски час на Факултетот за безбедност.
Со таквата политика во делот на кадровско и стручно надградување на министерството за внатрешни работи, рече, нема да запреме туку напротив ќе продолжиме и во наредниот период.
Министерот Спасовски потенцира и дека денешниот ден колку што е важен за новата генерација студенти на овој факултет, која што практично сега веќе влегува во акдемските води, во иста мера е значаен како потврда на континуираниот образовно-воспитен процес, веќе етаблиран благодарение на докажаните стручните и научни капацитети на институцијата.
- Од аспект на овие млади луѓе овде кои што средношколските клупи денеска ги заменуваат со академските амфитеатри, ова е почеток на нова, да се изразам послободно - образовна авантура, во која што се нуди еден уште повисок степен на лична наобразба, култура и воспитание, што пак во подоцнежниот нивен живот ќе го претставува оној фундамент суштински во развојот на професионалниот живот и кариера. На крајот сакам да го истакнам уверувањето дека многумина од вас ќе го најдат своето место во општеството, притоа давајќи го својот максимум како во име на сопствените амбиции и надежи, така и во име на потребата за брз и динамичен развој на нашата држава, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица