Спасовски: Државата вложи милијарда евра во патна инфраструктура
Премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил објави дека државата вложила милијарда евра во патна инфраструктура и реализирала важни проекти.
– Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа. Ние имаме спротивен пристап, пишува Спасовски.
Тој во продолжение ги наведува капиталните проекти.
– Инвестирани милијарда евра во патна инфраструктура, завршена 80 отсто од примарна и секундарна гасификација. Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Рехабилитиравме повеќе од 1500 километри постоечки патни правци. Ги подобривме условите во 28 јавно- здравствени установи и 43 полициски објекти. Изградивме три пречистителни станици. Изградивме повеќе од 320 социјални станови, стои во објавата на Спасовски на ФБ.
Ново на Сител
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?
-
Опожарено „БМВ“ во движење во близина на граничниот премин Табановце
-
УКИМ одбележува 76 години од основањето
-
Околу 90 камиони со помош влегле во Газа
-
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето