Спасов: Со предлог-мерките ќе се афирмира македонскиот јазик
Со усвоените 25 предлог-мерки за унапредување на состојбата со македонскиот јазик првпат од осамостојувањето на државата се одвојуваат средства за формирање фондови и изработка на проекти со кои ќе се афирмира македонскиот јазик, оценуваат од Советот за македонски јазик.
Претседателот на Советот Људмил Спасов денеска на прес-конференција во Владата истакна дека Законот за македонски јазик многу неуредно и погрешно се спроведува на сите рамништа и се намалува употребата на македонскиот стандарден јазик.
- Новоста е дека за првпат од независноста на државата се лоцирани средства за оваа намена. Сакам да го поздравам потегот на Владата затоа што за првпат се определуваат фондови, што значи се определуваат точно лоцирани средства за изработка на проекти, рече Спасов.
Со предлог-мерките, меѓу другото, се предвидува формирање фонд за поддршка на афирмирањето на македонскиот јазик на странските универзитети, основање фонд за поддршка на издавачката дејност на нови и повторно издавање на научните дела посветени на македонскиот јазик, како и основање фонд за стипендирање на студирањето на македонски јазик на универзитетите во државата.
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура ќе прерасне во Македонистички центар „Македоникум“ кој ќе има функција да организира летна школа, постојана школа за изучување на македонскиот јазик како странски, да формира центар за постојана обука за лекторите по македонски јазик во странство и школа за подука по македонски јазик за македонските деца надвор од државата.
Се предвидува и дебата за Законот за македонски јазик, формирање постојан одбор за стандардизација и грижа на македонскиот јазик и материјална поддршка за вработување научен подмладок на универзитетите и институциите што се занимаваат со македонскиот јазик.
Во однос на Предлог-законот за употреба на јазиците, којшто веќе е во собраниска процедура, професорот Спасов смета дека со него не е загрозен македонскиот јазик. - Македонскиот јазик не е загрозен како што читаме по некои портали, туку напротив се работи за уредување на функционирањето на јазиците во Република Македонија, рече Спасов, одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на прес-конференцијата.
Ново на Сител
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија