Спасов: Прес-конференцијата на Ременски обид да се прикрие незаконското разрешување на директори
Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на министерката Фросина Ташевска - Ременски во врска со разрешувањата на директори на центри за социјални работи.
- На граѓаните на нашата држава им е јасно дека техничката министерка денес направи безуспешен обид да го прикрие незаконското работење и незаконското разрешување на директори на Центри за социјални работи и јавни установи поради апсурдни причини. На денешната прес-конференција Ременски се обиде да ја манипулира јавноста со неоснована кривична пријава, при што секој може да напише или потпише лист хартија со неосновани обвинувања, да го наслови како пријава и да го достави до Јавното Обвинителство, но доколку пријавувањето е лажно како што е во овој случај, ќе одговара за кривично дело лажно пријавување, се наведува во реакцијата од Кабинетот на дополнителниот заменик-минитер.
Според Спасов, Ременски треба во рок од 48 часа да се извини за изречените клевети, а доколку тоа не го стори, тогаш, како што се вели во реакцијата, ќе бидат искористени сите правни механизми за надоместување на штета за навреда и клевета и предизвикана штета нанесена на честа и угледот на дополнителниот заменик министер.
Ново на Сител
-
Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни
-
Синдикалната минимална кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари
-
Во Битола ќе се врши вонредно заловување на кучиња скитници во центарот на градот
-
Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година
-
Намален е бројот на годишни пријави за семејно насилство во Куманово
-
Собранието ќе добие ново лого
-
Домот на Фатмир Битиќи мета на крадци, украден сеф со злато, пари и рачни часовници
-
Собранието во рамки на 44. седница без расправа донесе повеќе законски решенија