-->
-->
Спасов: До денеска над 16.000 работни места со „Македонијa вработува“
-->

Заклучно со денеска, преку проектот „Македонија вработува“ се отворени над 16.000 работни места, изјави заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешното отворање на Центарот за ран детски развој во селото Обршани, општина Кривогаштани.
Според Спасов, проектот донесе големи резултати за една година, а завршува на 15 април.
- Ако вчера бројката беше 15.900, денеска веќе е надмината и изнесува 16.000 нови работни места. Ова е показател за успешноста на овој голем проект на Владата. Овој проект дава резултати и во помалите и во поголемите општини. Во Прилеп се отворени над 800, во Ресен 120, а во Битола повеќе од 660 работни места што значи, само во овие три општини во пелагонискиот регион се отворени нови околу 1.600 работни места, објасни Спасов.
Заменик министерот за труд и социјална политика апелира приватните компании во државава да го искористат проектот кој, како што рече, дава многу поволности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
