-->
-->
Спасени 30 и загинати две лица во несреќата со чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос
-->
Спасени 30 лица на копно, извлечени безживотните тела на две лица и акција што е во тек е билансот од несреќата со гумен чамец со мигранти што во текот на ноќта се случи во близина на грчкиот остров Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.
Преживеаните мигранти биле пронајдени во планински дел на островот, еден од нив бил префрлен во болница, а животот го загубија еден маж и една жена.
Според грчките медиуми, преживеаните рекле дека во чамецот се пренесувале околу 35-36 лица, а тргнале од турското крајбрежје.
Поради лошото време и силниот ветер, гумениот чамец бил турнат кон карпест дел на копното.
Спасувачката акција на Крајбрежната служба на Грција се води на копно во тешки временски услови за евентуално пронаоѓање на други преживеани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор