-->
-->
Спасена птица од загрозен вид во Малешевијата
-->

Белоглав мршојадец кој е птица од загрозен вид во Малешевијата е спасен од повреда од страна на хумани граѓани. Птицата откако била пријавена, како што информираат од здружението „Проанима“, ја примил ветеринарен инспектор од Берово, кој констатирал повреда во делот на крилјата.
-Птицата не можела да лета, поради удари од камења. Била сместена во сигурна просторија на Шумското претпријатие во обезбеден кафез со храна и вода. Поради тоа што немавме искуства со птици, откако бевме известени за случајот, решивме да побараме помош од Македонското еколошко друштво, информираат од „Проанима“.
Со поддршка на Македонското еколошко друштво, започнала акција за превземање на птицата од страна на Ветеринарен факултет од Скопје каде во моментот се наоѓа белоглавиот мршојадец.
-Во акцијата за обезбедување транспортно возило, ни помогнаа од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“. Белоглавиот мршојадец, потоа беше превземен од Македонското еколошко друштво и однесен директно на Ветеринарен Факултет во Скопје, каде е извршен преглед и првичните резултати се добри. По добивање на резултати од рентген и крв, ќе се знае колку време би траела терапијата, за да биде целосно излечен и вратен во природа, велат од здружението „Проанима“ од Берово.
Белоглавиот мршојадец е вистинска реткост во Малешевијата. Според податоците на Македонското еколошко друштво, овој вид на птичја фауна, најмногу е застапен во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на Тиквешко Езеро, Мариово, на планината Осогово и кај езерото Матка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа