Спасе Кочовски прогласи победа во Вевчани
Кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од ВМРО – ДПМНЕ Спасе Кочовски, вечерва прогласи победа.
Во изјава за МИА изрази благодарност до сите вевчанци, за поддршката, но и мирниот, фер и демократски процес.
– Победата ја добивме, останува да работиме и да ги релаизираме ветените проекти, да ја оправдаме довербата на вевчанци. Народот одлучи, а ние нема да го изневериме, рече Кочовски.
Неговиот против кандидат од СДСМ и актуелен градоначалник Сашо Јанкоски му посака успешна работа, со порака општината секогаш да ја става пред се и над се.
– Почитувани Вевчанци, ми беше огромна чест што претходниве четири години бев градоначалник и успешно ја водев Општина Вевчани. Ви благодарам на вашата несебична поддршка во изминативе години. Заедно зад нас оставаме многу реализирани проекти најмногу во историјата на општина Вевчани на кои ќе се гордееме и по кое ќе не памети Вевчани. Оставаме и многу подготвени проекти, кои треба во иднина да се реализираат, напиша Јанкоски на фејсбук.
Ново на Сител
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин
-
Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата
-
Трамп подготвен за нови санкции против Русија
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми