СП во ракомет: Заврши бајката на Португалија, фаворитот Данска се пласираше во финалето
Данската машинерија ја совлада волшебната Португалија, која во полуфиналето ја заврши својата неверојатна серија на Светското првенство во ракомет.
Тие беа поразени од трикратните последователни светски шампиони со резултат 40:27 (20:16). Сепак тие ќе имаат можност да освојат медал во дуелот со Франција за бронзата.
Иако напаѓачите на победничкиот тим беа извонредни, голема заслуга за триумфот има голманот Емил Нилсен, кој забележа 15 одбрани на натпреварот.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Матијас Гидсел кој постигна девет погодоци, а го следеше Расмус Лауги со шест.
Од друга страна, најефикасен беше Антонио Ареја со пет гола.
На овој меч беше неутрализиран најголемиот адут на Португалија, Франциско Коста, кој само двапати успеа да постигне гол.
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата