Спорт плус
9. February 2023 - 20:11

СП Скијање: Канаѓанецот Крафорд освои злато во супервелеслалом

Сензација на анонимниот Канаѓанец Џејмс Крофорд на СП во алпско скијање во Куршевел и тоа во супервелеслаломската трка каде приреди  изненадување и стигна до првата победа на големите натпреварувања . 
Канаѓанецот го освои златниот медал со време од 1.07.22, и беше само за една стотинка побрз од големиот фаворит  Александер Омот-Килде од Норвешка кој мораше да се задоволи со сребрениот медал. 
Бронзениот медал му припадна на Французинот Алексис Пантуро кој задоцни 26 стотинки зад победникот Крофорд.