Спорт плус
5. August 2017 - 10:00

СП атлетика: Фарах не го дава тронот на 10.000 метри

Британецот Мо Фарах го освои првиот златен медал на Светското првенство во атлетика што синоќа почна во Лондон. Тој победи во трката на 10.000 метри и го одбрани првото место од пред две години од шампионатот во Пекинг, а ја продолжи доминацијата бидејќи беше најбрз и во Москва 2013 година. Фарах имаше резултат 26:49.51 минути, пред Џошуа Чептегеи од Уганда и Пол Кипгетич Тануи од Кенија.
 
Денеска на вториот ден од шампионатот ќе се одржат четири финални дисциплини: фрлање диск, скок во далечина и 100 метри кај мажите и трката на 10.000 метри кај жените. 
На „стотката“ се очекува настап и на Усеин Болт за кого ова ќе биде последно Светско првенство.