СП 2026: Многу сме горди што сме во полуфиналето

Репрезентацијата на Франција третпат по ред е во полуфиналето на Светските првенства. Французите одиграа тактички мудар натпревар, а и нереализираниот пенал на Килијан Мбапе во првиот дел не ја сруши нивната стратегија.
– Многу сме горди што сме во полуфиналето. Што се промени во споредба со 2018 и 2022 година? Па, во 2018 година, никој не ни даваше шанса. Во 2022 година, вообичаено, шампионот добро се снаоѓа дури и до осминафиналето. Ние стигнавме до финалето. Овој пат, контекстот е различен бидејќи сите гледаат кон нас уште од првиот натпревар, па натаму. На играчите им треба малку одмор, малку закрепнување, малку простор за дишење. Гледате, тие добро знаат дека ова е важен чекор, но засега, единствениот датум што го имаме на ум е 14-ти, а тоа е многу посебен датум за Франција, изјави селекторот на Франција, Дидие Дешамп.
Франција во полуфиналето ќе игра против победникот од вечерашниот натпревар меѓу Шпанија и Белгија, кое се игра во Лос Анџелес со почеток во 21 часот. Полуфиналето ќе се игра на 14.јули во Далас.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
