СП 2026: Меси најдобар по групната фаза

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси е најефикасен по натпреварите по групи на Светското фудбалско првенство 2026.
Триесет и деветгодишниот Меси постигна шест гола во групната фаза – хет-трик против Алжир (3:0), два гола против Австрија (2:0) и еден гол против Јордан (3:1). За време на турнирот, Меси стана најдобар стрелец на сите времиња во историјата на Светските првенства, со 19 гола.
Второто место во трката за голови на Светското првенство 2026 го делат четири играчи со по четири гола: Ерлинг Халанд (Норвешка), Винисиус Жуниор (Бразил), Усман Дембеле и Килијан Мбапе (двајцата Франција).
Десет фудбалери постигнаа три гола во три натпревари од групната фаза.
Натпреварите од осминафиналето на Светското првенство во 2026 година ќе се одржат од 28 јуни до 4 јули.
Најдобри стрелци на Светското првенство по групната фаза:
Лионел Меси (Аргентина) — 6 гола на 3 натпревари
Ерлинг Халанд (Норвешка) — 4 гола на 2 натпревара
Усман Дембеле (Франција) — 4 гола на 3 натпревари
Килијан Мбапе (Франција) — 4 гола на 3 натпревари
Дениз Ундав (Германија) — 3 гола на 3 натпревари
Јохан Манзамби (Швајцарија) — 3 гола на 3 натпревари
Брајан Броби (Холандија) — 3 гола на 3 натпревари
Матеус Куња (Бразил) — 3 гола на 3 натпревари
Џонатан Дејвид (Канада) — 3 гола на 3 натпревари
Исмаел Саибари (Мароко) — 3 гола на 3 натпревари
Исмаила Сар (Сенегал) — 3 гола на 3 натпревари
Елаја Џаст (Нов Зеланд) — 3 гола на 3 натпревари
Хари Кејн (Англија) — 3 гола на 3 натпревари
Јохан Виса (ДР Конго) — 3 гола на 3 натпревари.
МИА
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
