СП 2026: Хрватскиот селектор смета дека одиграле натпревар со многу емоции

Хрватска го заврши настапот на Мундијалот со пораз од Португалија од 2:1 во еден од најдобрите натпревари пред сè второто полувреме. Хрватската репрезентација поведе со голот на Иван Перишиќ, но Португалија направи пресврт.
На натпреварот поради офсајд позиции беа поништени три гола, два на Хрватска и еден на Португалија.
– Не е лесно кога ќе примите гол во продолжение. Ни се случи неколку пати, и тоа е навистина лоша одбранбена реакција, а потоа се собирате и го постигнувате тој гол во последната минута, и мислите дека е валиден гол, но тие го поништуваат. Има толку многу емоции таму, подеми и падови, и не е лесно да се справите со тоа. И ние го загубивме натпреварот. Тоа е единственото нешто што е навистина важно од Светското првенство. Можеби е тешко да се соочите со таков противник во 1/16 финалето. Благодарност до навивачите кои беа тука денес. Благодарност до сите што нè поддржуваат, кои се грижат за нас. Уште еднаш покажавме карактер, покажавме патриотизам, покажавме храброст, изјави селекторот на Хрватска Златко Далиќ.
На последните две Светски првенства Хрватска освои сребро на СП 2018 во Русија, а бронза на СП 2022 во Катар.
МИА
Ново на Сител
-

Италија подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 13 години – до 16 години само со родителска контрола
-

ДЗР: Потребни се дополнителни мерки за зајакнување на ИТ безбедноста во ФЗОРСМ
-

Исламот би можел да стане најголема светска религија до 2035 година
-

Заврши билатералната средба Трамп – Путин во Шенџен
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Запален автомобил во подземниот паркинг на К-мол во Ѓорче Петров
-

Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици
-

Македонските фудбалерки против Андора стартуваат во Лигата на нации
