Советување на тема „Заштита од дискриминација врз основ на сексуална ориентација“
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска организира советување на тема „Заштита од дискриминација врз основ на сексуална ориентација“.
Целта на советувањето е да даде преглед на меѓународната и националната судска пракса во постапките за утврдување дискриминација врз основ на сексуална ориентација.
Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели од сите апелациски подрачја, адвокати и претставници од Комисијата за заштита од дискриминација, Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Советувањето ќе го отвори директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска.
Излагања од областа на дискриминацијата во рамки на советувањето ќе имаат Жанета Попоска од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Душко Миновски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација и Кочо Андоновски од ЛГБТИ Центар.
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина