Советот за безбедност на ОН денеска го започнува гласањето за нов генерален секретар
Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе го одржи првото гласање за новиот генерален секретар на Светската организација. За функцијата генерален секретар на ОН се пријавени 12 кандидати.
Во изборот за наследник на првиот човек на Светската организација Бан Ки Мун од регионот се пријавени Вук Јеремиќ, некогашниот шеф на српската дипломатија, поранешните министри за надворешни работи на Хрватска и Македонија, Весна Пушиќ и Срѓан Керим, некогашниот премиер на Црна Гора Игор Лукшиќ и поранешниот претседател на Словенија Данило Тирк.
Во трката за позицијата генерален секретар на ОН се и генералната директорка на УНЕСКО Ирина Бокова од Бугарија, администраторката на Развојната програма на ОН Хелен Кларк од Нов Зеланд, министерката за надворешни работи на Аргентина Сузана Малкора, шефот на словенечката дипломатија Мирослав Лајчак, поранешниот премиер на Португалија Антонио Гутереш, некогашниот шеф на молдавската дипломатија Наталија Герман и поранешниот извршен секретар во Рамковната конвенција на ОН за климатски промени Кристијан Фигуерес.
Постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин изјави за ТАСС дека името на новиот генерален секретар, кој ќе стапи на должност на 1 јануари 2017 година, најверојатно ќе биде познато во октомври, за време на руското претседавање во Советот за безбедност.
Ново на Сител
-
Две лица од Струга приведени поради обид за убиство на 52-годишник
-
Сончеви денови пред нас, но со посвежи утра
-
130 грама кокаин пронајдени во дом на 60-годишник во Тетово, уапсени две лица | ФОТО
-
Во јули исплатени 16,5 милиони евра за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д
-
Алиу: Комисијата ги анализира случаите на кардиохирургија, извештајот ќе биде јавно објавен
-
На ГП Табановце приведен белгиски државјанин, кај него е пронајдена марихуана
-
Совети за пријатни, а штедливи излети, патувања и авантури
-
Како Месечината ѝ се доближува и се оддалечува од Земјата?