Советот на Општина Василево донесе одлука за задолжување од СБ за две улици
Советот на Оптина Василево на денешната седница донесе одлука за задолжување од 10 милиони денари од Светска банка за изградба на две улици.
Задолжувањето следува по добиениот позитивен одговор од министерството за финасии и Светска банка дека општината го има потребниот кредитен рејтинг, појасни градоначалникот Ванчо Стојанов.
- Со овие пари ќе се уредува централната улица во населеното место Пиперево, каде што ќе има и две пешачки патеки и канализација за собирање на атмосферските води. Другата улица што ќе ја правиме со овие пари е во населеното место Нова Маала. Станува збор за една од пофрекфентните улици, која по барање на жителите ќе биде во ширина од пет метри, а ќе има и каналско одводнување на атмосферските води, вели Стојанов.
Градоначалникот одговори и на критиките од опозициските советници од СДСМ за задолжувањето пред Светска банка.
- Кредитното задолжување пред Светска банка е со многу поволни услови. Грејс период од три месеци и рок на враќање од 10 години. Но, ние како општина овој долг ќе го враќаме во период од пет години, како што ќе потпишеме договор со министерството за финансии. Се надевам дека советниците од опозицијата ќе се вразумат и во иднина едногласно ќе гласаат за сите одлуки кои се од значање за сите населени места во општината и жителите кои живеат во неа, рече Стојанов.
Ново на Сител
-
Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“
-
ПМФЛ: Домашни победи за Арсими и Тиквеш
-
Четворицата осомничени за експлозија на бомба во Битола се гонат за „Тешки дела против општата сигурност“
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен
-
Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
-
Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полициски службеник
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол